Дванаесет влади од Јужна Америка побараа од венецуелскиот претсеател Николас Мадуро да не положи заклетва следната недела за втор мандат и да ја предаде власта до нови избори.
Тоа според нив, би бил единствен пат за враќање на демократијата во Венецуела.
Тие држави сметаат дека победата на Мадуро на изборите е нелегитимна. Мексико одби да им се придружи на тие држави од регионот меѓу кои се Бразил, Аргентина, Колумбија, Чиле, Перу.