Најверните вардарови навивачи „Комитите“ останаа без еден од своите основачи, верниот следбеник на црвено-црната трибина и на својот Вардар.
Како што објави спотрскиот портал Екипа, по долго боледување утрово почина Горан Костадиновски – Гокси, еден од основачите на „Комитите“.
„Си замина голем вардарец, еден од основачите на Комити и еден од најголемите навивачки умови на овие простори. Последен поздрав до нашиот другар Гокси. Вечно ќе биде запаметен. Нека почива во мир…“ – објавија членови на навивачката група „Комити“.
Костадиновски долг период беше дел и од навивачката група на КК Работнички, „Сити Парк Бојс“, каде што долго време беше идеен креатор на паролите кои оваа група ги истакнуваше на средбите на Работнички во последната деценија од минатиот и првата деценија од овој век.