Група од 14 лавови излегле од резерват и биле забележани близу рудник, во североисточниот дел на Јужноафриканската Република, поради што и локалните власти издадоа предупредување до локалното население.
Ренџери ги следат животните, а планираат да ги фатат и вратат во резерватот, јави Би-би-си.
Националниот парк Кругер е еден од најголемите резервати во Африка, со површина од 19.485 квадратни километри. Подрачјето е оградено и не е познато како лавовите го напуштиле паркот.