Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо кој се прогласи за привремен претсетаел, ги повика сограѓаните на нови демонстрации. Гуаидо повика на протести в среда и в сабота.
За протестот в сабота Гуаидо истакна дека очекува да биде „во секое катче во Венецуела“ и целиот свет.
Демонстрациите в сабота се во време кога истекува рокот од ЕУ до Мадуро за нови избори во државата.
Во интервју за Вашингтон пост, Гуаидо нагласи дека опозицијата преговара со наклонети на неа војници и офицери како и со владини функционери.
– Разговараме со владини претставници и со претставници од армијата. За нас тоа е исклучително деликатно од гледна точка на личната нивна безбедност. Се среќаваме со нив, но дискретно, откри Гуаидо.
Антониот Риверо венецуелски генерал во егзил во Мајами вели дека разговарал со офицери кои се незадоволни од Мадуро.
– Вооружените сили веќе се скршени, истакна Риверо.