Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо објави на Твитер дека и предлага на меѓународната заедница да ги држи отворени сите опции за да се симне од власт претседателот Николас Мадуро откако тој вчера искористи трупи да блокира влез на хуманитарна помош во Венецуела.
– Денешниот ден (сабота) ме тера на одлука:Формално да и предложиме на меѓународната заедница дека мора да ги држиме отворени сите опции за да се обезбеди слобода за нашата држава која се бори и која ќе продолжи да се бори, објави Гуаидо.
Повикот следува по турбулентниот ден во кој кампањата за испраќање хуманитарна помош иницирана од САД, наиде на силен отпор од венецуелските безбедносни сили кои пукаа со солзавец кон демонстрантите и во судирите има две жртви и повредени над 300 луѓе.