Американскиот интернет гигант Гугл, поради сексуално вознемирување, отпуштил 48 вработени, вклучувајќи 13 на високи позиции, изминатите две години, информира извршниот директор Сундер Пичаи.
Директорот вели дека ниту еден од отпуштените не добил надомест за напуштање на компанијата.
Во исто време, „Њујорк тајмс” пишува во едно истражување објавено вчера дека Гугл заташкал повеќе случаи на вознемирување во кои учествувале високи функционери, вклучувајќи го и Енди Рубин, креатор на мобилниот систем Андроид.
Директорот Пичаи не ги кажа имиња на отпуштените.