Гугл изрази подготвеност за меѓународен договор со кој ќе се предвиди мултинационални компании да плаќаат повеќе даноци во држави каде прават профит, а не во државата каде се регистрирани.
– Поддржуваме движење кон нови меѓународни и глобални механизми за начинот на кој се воведува данок за мултинационални компании, напиша на блог Каран Батија, висок претставник од американскиот технолошки гигант.
Според него, корпоративниот данок е важно средство за тоа компаниите да дадат свој придонес кон држави и заедници каде се прави бизнис.
– Сакаме да бидеме фискална средина каде луѓето ќе ја сметаат за разумна и соодветна, додава тој.
Батија изрази сомневање дека ако нема меѓународен договор некои држави може да воведат дискриминациски даноци за странски компании во различни сектори.