Унгарија очекува Европската комисија и Украина да ги исполнат своите безбедносни обврски во врска со нафтоводот „Дружба“, изјави шефот на кабинетот на унгарскиот премиер, Гергеј Гујаш.

– Украина се обврза, како трета земја и кандидат за членство во Европската Унија, да обезбеди снабдување со енергија на сите земји од ЕУ, вклучувајќи ги Унгарија и Словачка, рече Гујаш на брифинг на Владата.

Тој потсети дека Европската комисија на 27 јануари 2025 година ѝ дала на Будимпешта писмени гаранции за безбедноста на инфраструктурата која е клучна за енергетското снабдување на Унгарија.

– Очекуваме сите да ги почитуваат своите обврски и правила, и ЕУ и Украина, нагласи Гујаш.

Покрај тоа, тој остро го критикуваше Киев, оценувајќи дека Украина не е достојна да стане членка на Европската Унија бидејќи „крева во воздух гасоводи во државите на заедницата и напаѓа нафтовод кој снабдува индустриски претпријатија“.

– Статусот на членка на ЕУ е неприфатлив за земја која сака да ја загрози енергетската безбедност на земјите-членки на ЕУ со акции како што е кревање гасоводи во воздух во трета земја, рече Гујаш, осврнувајќи се на вмешаноста на украинските специјални служби во саботажата на гасоводот „Северен тек“