Русија во август може да ја регистрира вакцината против коронавирусот , најави директорот на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија, Александер Гунцбург.
-Верувам дека можевме да ја регистрираме вакцината до крајот на летото. Јас би рекол дека може да биде и во август, ако се оди според планот и доколку нема изненадувања, рече Гунзбург во интервју за телевизија „Русија 1“, пренесе Тасс.
Истражувањето во моментов е во фаза на предклинички испитувања, што може да трае уште најмногу еден месец.
Според Гунзбург, вакцината ќе се става на десното рамо, но не сите Руси ќе може да ја примат во исто време.
-Министерството за здравство размислува како да го стори тоа, какви капацитети ќе бидат ангажирани за да се зголеми производството на вакцини, рече Гунзбург.