Црногорскиот претседател и лидер на Демократската партија на социјалистите, Мило Ѓукановиќ не е подготвен да се откаже од власта, оцени Елена Гушкова, раководител на Центарот за проучување на современите балкански кризи во Институтот за славистички студии при Руската академија на науките.
Најголемата опозициска коалиција „За иднината на Црна Гора“ синоќа прогласи победа на парламентарните избори во земјата. Нејзиниот лидер, Здравко Кривокапиќ, повика на формирање експертска влада по парламентарните избори на 30 август.
.- Мило Ѓукановиќ никогаш не играл фер. Користејќи административни ресурси, тој ги прилагоди изборите за да ја обезбеди својата победа, а сега има и многу негативни моменти и неправди забележани на овие избори. За опозицијата е многу важно да ги обедини своите гласови во парламентот. Според првичните резултати тие имаат околу 50 места, Ѓукановиќ 29, но тој е сигурен дека таа бројка ќе ја зголеми со помош на малите партии, така што опозицијата сепак ќе треба да се бори за тие места во парламентот. Да ги почекаме конечните резултати, треба да видиме како Ѓукановиќ ќе ја формира својата коалиција, бидејќи тој не е подготвен да се откаже од власта, ја пренесува БГНЕС изјавата на руската експертка.
– Ако опозицијата дојде на власт, надворешната политика на земјата драматично ќе се промени, особено во однос на Србија, Русија и НАТО, забележа Гускова.
– Опозициските партии рекоа дека политиката ќе се промени од корен – и домашната и надворешната. Односите со Србија ќе се подобрат. Ова е многу важно за Црна Гора сега. За нас, се разбира, е важно што е можно побрзо да се променат и односите со Русија. Ѓукановиќ ги поддржа европските санкции против Русија, тој имаше многу тежок однос со нас, а меѓу негативните одлуки што Ѓукановиќ ги донесе беше признавање на независноста на Косово и влез во НАТО. Тоа се точките по кои треба да работат новите власти, нагласи таа.