Нашата планета е скршена, му порача на светот генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и предупреди дека „човештвото води самоубиствена војна со природата“.
– Природата секогаш возвраќа и тоа го прави со голема сила и гнев, потсети Гутереш во интервјуто за Би Би Си и најави дека сака борбата против климатските промени да ја стави во основата на глобалната мисија на Светската организација.
За време на својот говор за ситуацијата со животната средина на Земјата, Гутереш повтори дека е потребно да се намалат емисиите на штетните гасови за 45 проценти до 2030 година, во споредба со нивото на штетни гасови регистрирано во 2010 година.
– Науката е јасна. Ако не ја намалуваме емисијата на штетни гасови предизвикани од согорување на фосилни горива за шест проценти секоја година до 2030 година, ситуацијата значително ќе се влоши. Апокалиптични пожари, поплави, циклони и урагани ќе станат наше секојдневие. Биодиверзитетот исчезнува, пустини се шират, океаните се дават во пластичен отпад. Ова е моментот на вистината за човештвото, предупреди генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Тој потсети дека ЕУ, САД, Кина, Јапонија, Јужна Кореја и 110 други земји се обврзаа да престанат да испуштаат штетни гасови до средината на овој век, но тој сака да види дека тој моментум ќе се претвори во акција.
– Ние мора да склучиме траен мир со нашата планета Земја, рече Гутереш.
Тој потсети дека ЕУ, САД, Кина, Јапонија, Јужна Кореја и 110 други земји се обврзаа да престанат да испуштаат штетни гасови до средината на овој век, но тој сака да види дека тој моментум ќе се претвори во акција.
„Ние мора да склучиме траен мир со нашата планета Земја“, рече Гутереш.