Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денес изјави дека операцијата за помош што ја спроведуваат во Газа Хуманитарниот фонд за Газа (GHF), поддржан од САД, е „по својата природа небезбедна“ и „убива луѓе“.
Гутереш рече дека хуманитарните напори предводени од ОН се „задушувачки“, хуманитарните работници гладуваат и дека од Израел, како окупаторска сила, се бара да се согласи и да го олесни доставувањето на помош во и низ палестинската енклава, објави Ројтерс.
„Луѓето се убиваат додека се обидуваат да се прехранат себеси и своите семејства. Потрагата по храна никогаш не смее да биде смртна пресуда. Време е да се најде политичка храброст да се повика на прекин на огнот во Газа“, им рече Гутереш на новинарите.