Лидерот на венецуелската опозиција, Хуан Гваидо денеска изјави дека ќе се врати во Венецуела од Еквадор каде се сретна со тамошниот претседател Ленин Морено за време на турнеја по држави од Јужна Америка со цел добивање поддршка.
Гваидо повика на нови протести против претседателот Николас Мадуро в понеделник и во вторник.
Тој не шрецизира кога или како планира да се врати во државата. Неговото враќање отвора можност властите да се обидат да го уапсат бидејќи Врховниот суд му забрани да ја напушта државата.