Американскиот потпретседател Мајк Пенс вети „брза реакција“ на САД доколку постои каква било закана за лидерот на венецуелската опозиција Хуан Гуаидо. Тој денеска се врати со авион во Каракас каде беше пречекан од илјадници поддржувачи на опозицијата во Венецуела.
Меѓу оние кои го пречекаа беа и амбасадори на неколку европски и јужноамерикански држави.
– Веќе сме во нашата држава, Венецуела. Ние штотуку поминавме контрола и тргнуваме кон нашиот град, објави на Твитер Гваидо.
Венецуелскиот опозициски лдиер ризикува апсење бидејќи ја напушти државата и покрај забраната за напуштање на нејзината територија. Гваидо синоќа го предупреди претседателот Николас Мадуро дека ако се обиде да го приведе или киднапира тоа ќе биде една од неговите последни грешки.