Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола изјави дека се предомислил кога ќе ја заврши тренерската кариера.
– Се разбира дека станав подобар со возраста. Дефинитивно. Искуството помага, особено во нашата професија. Порано мислев дека наскоро ќе ја завршам кариерата, но сега се предомислив. Веќе имам 50 години – ова е прекрасна возраст, рече Гвардиола.
Шпанецот полни 50 години на 18 јануари. Тој е тренер веќе 13 години, има преку 700 натпревари на чело на разни клубови.