Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола сфаќа дека по поразот од Вулверхемптон (2:3), шансите на тимот да станат шампиони се никакви. Ова беше акцентот и во неговата изјава по драматичниот дуел на „Молину“.
– Тешко беше да се игра 80 минути со човек помалку. На ова ниво, ваквите фактори се клучни. Натпреварот беше многу тежок и не бевме во можност да се одбраниме доволно добро. Нашите две грешки на крајот се покажаа фатални за исходот од мечот. Треба да размислиме за следниот натпревар и како да победиме од овој момент натаму. Нереално е да се мисли дека можеме да се израмниме со Ливерпул. Тие постојано ми го поставуваат ова прашање, но мојот одговор е секогаш ист, изјави Пеп.
Каталонскиот стручњак исто така рече дека нема претензии за прекршок на Адам Траоре против Бенџамин Менди во ситуацијата при резултат 2:2.