Тренерот на Манчестер сити, Јосеп Гвардиола по триумфот над Евертон (2:1) од 21. коло во англиската Премиер лига, го посочи двојниот стрелец Габриел Жезус како јунак на мечот, но не заборави да го спомне Серхио Агуеро кој остана на клупата за резерви.

– Игравме на највисоко ниво. Задоволен сум од нашиот настап. Мислам дека во епизодата со голот на Фауден имаше офсајд позиција, ВАР работеше правилно, за разлика од другите ситуации во кои се најдовме на оштетената страна. Габриел Жезус беше одличен, но Серхио Агуеро е незаменлив. Она што тој го направи за нас, што значи за навивачите, неговиот гол,…  На играчите им е потребна поддршка, а тој стана важен фудбалер за Габриел. Тие имаат одлична врска, смета Гвардиола.

Манчестер сити кој го брани трофејот во Англиското фудбалско првенство, се наоѓа на третото место со 44 бода, еден помалку од Лестер и 11 од лидерот Ливерпул кој има и две средби помалку.