САД ќе се обидат да нè спасат од корумпираните политичари, објави поранешниот министер и аналитичар, Џевдет Хајредини.

Тој во пораката преку социјалните мрежи ја повика новата американска амбасадорка поддршката во борбата против корупцијата во Македонија да не биде само вербална.

– За граѓаните на Македонија, г. Анџела Агелер, подобро е да се вратите назад, ако не можете на некои наши политичари, кои со платени гласачи од државниот буџет, 20 години се на власт, в лице да им кажете дека крадат од својот народ, како што се наведува во извршната наредба на претседателот Бајден. Доста веќе, исто како ЕУ, само вербално да ја поздравувате и да ја поддржувате „борбата” против корупцијата во нашата земја, објави Хајредини на својот профил на Фејсбук.