Довербата во Уставен суд ќе падне на нула, ако јавниот обвинителл Љубомир Јовески стане уставен судија, смета поранешниот министер, аналитичар и критичар на актуелната власт, Џевдет Хајредини.
– Исто како во Обвинителството, довербата на граѓаните и во Уставниот суд ќе падне на нула, ако Јовевски стане негов член, објави Хајредини на Фејсбук.
Инаку, Јовески е кандидат за уставен судија, а расправата за тоа во Собранието на Македонија се води од минатата година. Јовески е често мета во јавноста, особено по аферите кои последниве месеци се актуелни и за непостапување од страна на Јавното обвинителство, на чие чело е тој.
Особено критиките за ЈО се нагласени по ставањето на црна листа на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, од страна на САД.