Коментарите за пишманењето на премиерот во оставка Зоран Заев за негово повлекување од Владата и политичката сцена предизвикува бурни реакции во јавоста.

– Не неочекувано, и прашањето за оставката на Заев стана банално, исто како она на Филипче за трагедијата во тетовската болница, коментира на Фејсбук поранешниот министер и економски аналитичар Џевдет Хајредини.

Изминаа два месеца од трагичниот пожар во Тетово во кој изгореа живи луѓе, а досега единствен „виновник“ за тоа е еден продолжен кабел. Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека не ни помислува за оставка.