Краток афористичен коментар, за стабилноста на Владата на Димитар Ковачевски и стабилното мнозинство во Собранието на Македонија, објави поранешниот министер и актуелен аналитичар Џевдет Хајредини.

– Не е можно да биде многу стабилно едно владино мнозинство кое, со една лажна телефонска дојава, од паѓање ја спаси еден таен функционер на ЕУ, гласи коментарот на Хајредини објавен на неговиот профил на Фејсбук.

Коментарот се однесува на пратеникот Кастриот Реџепи кој во последен момент ја спаси од паѓање владата на бившиот премиер Зоран Заев, која потоа со „мали шминки“ ја наследи неговиот партиски другар Димитар Ковачевски.