Ахмети се сретна со Бегај, разговарале за проекти меѓу двете земји, коментира поранешниот министер и аналитичар, Џевдет Хајредини за средбата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети и претседателот на Албанија, Бајрам Бегај.
– Претседателот на Албанија, за проекти меѓу двете земји, разговарал со еден пратеник кој 20 години не зел збор во Собранието на Македонија. П.С. Ова меѓу нормални држави не се случува!- објави Хајредини на својот профил на Фејсбук.
Како што вчера објавивме, Ахмети кој со останатите лидери на партии на Албанците во Македонија беше на вечера со албанскиот премиер Еди Рама или како што некои ја нарекоа средбата „самит во Тирана“.