Против смена на Уставот не е само ВМРО, како што секој ден го повторуваат Ковачевски, Маричиќ, Бујар и Груби, вели поранешниот министер и аналитичар Џевдет Хајредини.
– Против е, со исклучок на Албанците, и огромното мнозинство на македонскиот народ од сите слоеви, објави Хајредини на Фејбук.
Оваа објава е во врска со изјавите на министрите во Владата на СДСМ и ДУИ кои отпорот кон уставните измени го лоцираат во најсилната опозициска партија.