Поранешниот министер за финансии и политички аналитичар Џевдет Хајредини порачува дека само Македонците можат да одлучуваат за македонските идентитетски прашања.
-Во врска со прашањaта за идентитетот, историјата и македонскиот јазик, право да одлучува има само македонскиот народ. Албанците нивната одлука треба да ја поддржат, објави Хајредини на Фејсбук.