Протоколот не се објавува затоа што не е потпишан, а не се потпишува за да не биде објавен, кратко коментира поранешниот министер и аналитичар, Џевдет Хајредини.
Коментарот се однесува на протоколот кој од македонската јавност се крие, а за објавените документи на бугарски јазик во медиумите, македонското МНР и министерот Бујар Османи се изјаснија дека биле „стари верзии“.