Поранешниот министер и актуелен аналитичар, Џевдет Хајредини на социјалните мрежи поставува прашање и дава одговор како Бујар Османи ја добил министерката фотелја, од поранешниот премиер Зоран Заев.
– Само поради тоа што Бугарите сметаа оти Бујар има „одмерени погледи за разврска на јазолот“ во спорот со Бугарија, Заев него го постави министер за надворешни работи, а (Владо) Бучковски за владин советник за истото прашање, објави Хајредини на својот профил на Фејсбук.
Османи остана шеф на македонската дипломатија и во Владата на Димитар Ковачевски, наследникот на Заев. А Бучковски во последно време не е активен во јавноста како што беше во времето на Заев и на почетокот од мандатот на Ковачевски.