Суспендираниот шеф на Вишото обвинителство, Скопје, Мустафа Хајрулахи, во Претрес со Ландов го објасни и случајот со нарачани текстови против него, објавени во Доказ на Марјан Стаменковски.
„Пишувањата против мене со лични дискредитации со напади во Доказ почнаа во времето на мојот реизбор. Марјан Стаменковски побара иземање на обвинителот Сашо Рајчев бидејќи тој му доставувал материјали“, рече Хајрулахи.
Од одземените телефони од Стаменковски рече се виде дека нарачките за објавени гнасотии биле од Рајчев.
Лицето И.Ш.беше сведок во Обвинителството, објаснува Хајрулахи, а обвинителот Рајчев ги извлекол податоците и ги ставил на своја нова сим картичка. Тој си ѕвонел и сам на себе, што е регистрирано на базна станица и потоа на Марјан Стаменковски.
„Поднесов кривична пријава за да може да се определи друго месно надлежно обвинителство. ЈОРМ Јовески по 6 месеци ја препраќа во обвинителството во Битола. Треба да пазиме на роковите за да не застарат. Марјан Стаменковски материјалите ги добивал преку Сашо Рајчев и Фатиме Фетаи која ги давала преку своја пријателка. Фрапиран сум од обвинителите. Сашо Рајчев сакаше да клекне на колена и ме молеше да му простам“, рече Хајрулахи.
Коцевски, посочи, го викнал обвинителот кој постапувал по предметот и му се заканувал да не добие Хајрулахи својство на оштетен.
Хајрулахи говореше и за пробивањето во јавност на Извештајот за ревизијата во Обвинителството, пред да биде официјално објавено. Тој на една телевизија и дал видео снимка како ќерката на државниот обвинител Љупчо Коцевско дава службени материјали на новинарката Мирослава Симоновска.
„Новинарите ги почитувам до небото и назад. Ако новинарката се чувствува непријатно, и се извинувам“, рече Хајрулахи.
Снимката ја добил од анонимен свиркач, кој му ја дал во ГТЦ. Вели дека не го познава.
„Не верував дека може да се случи републичкиот јавен обвинител ова да го направи. Нечовечки е што ја жртвувал сопствената ќерка”, посочи Хајрулахи.
Државниот обвинител Коцевски, рече Хајрулахи е октроиран од неколку обвинители на сега згаснатото СЈО.