Хакери од Северна Кореја извршиле серија кибернапади и успеале да украдат 570 милиони долари, меѓу кои и криптовалути во периодот јануари 2017 – септември 2018 година, објави јапонскиот весник „Никеи“.
Весникот се повикува на извештај на комисија при Советот за безбедност на ОН што следи почитување санкции врз Пјонгјанг.
Според експертите, во изминатите две години Пјонгјанг презел најмалку пет успешни пробиви на берзи за криптовалути во различни азиски држави.
Освен тоа, Северна Кореја можно е да користела и т.н. блокчејн технологија за заобиколување санкции.
Во извештајот се додава дека во исто време севернокорејски компании активно презеле акаунти на ЈуТјуб и на Инстаграм за продажба на воена техника што е забрането со санкциите. Messenger WeChat исто така е користен како средство за незаконска трговија од Северна Кореја.