Странски хакери се поврзале со компјутерската мрежа во канцеларијата на чешкиот претседател Милош Земан и неколку месеци одземале информации со непозната содржина, објави чешката државна телевизија, повикувајќи се на Службата за заштита на личните информации.
– Експерти за информатичка технологија открија дека информациите од компјутерската мрежа на претседатескиот кабинет неколку месеци се префрлани до странски ИП адреси. Се уште не е јасно до какви информации хакерите имале пристап. Службата ја испитува ситуацијата, се наведува во соопштението.
Портпаролот на шефот на државата, Иржи Овчачек одби да ја коментира ситуацијата. Од своја страна, Службата за кибер безбедност, Националната комисија за борба против организиран криминал и военото разузнавање одбија да ги информираат новинарите за текот на истрагата за инцидентот