Хакери со години имале пристап до комуникацијата на дипломати во ЕУ, „зачувувајќи“ белешки кои откриваат загриженост поради администрацијата на Доналд Трамп, борби со Кина и Русија и ризикот Иран да не ја „оживее“ нуклеарната програма.
Бебзедбносната компанија Ареа 1, доставила листа на преку 1.100 дипломатски белешки откако е откриен пропустот.
Од Ареа 1 веруваат дека хакерите работат за војската на Кина.
Белешките се за разговори со челници на Саудиска Арабија, Израел и останати држави кои се проследени во ЕУ.
Една белешка, наведува “Њујорк тајмс“, покажува дека дипломатите во ЕУ го опишале состанокот на Трамп и Путин во Финска како „успешен (барем за Путин)“.
Другата белешка е по статнок и во неа се пренесува детален опис на разговорите и анализа на разговорите на европски функционери и кинескиот претседател Си Џинпинг кој однесувањето на Трамп го нарекол „насилно“ кон Кина и – „боксерски меч во слободен стил без правила“.
Третата белешка открива дека Каролин Вицини заменик шеф на европската мисија во Вашингтон, им предложила на трговски дипломати на ЕУ да го опишат САД „како наш најважен партнер“ иако се спорело со Трамп во некјолку области.
Хакерите се инфилтрирале и во мрежите на ОАЕ, Американската федерација за труд и Конгресот на индустриски организации, како и МНР и за финансии ширум светот.