Хамас истрелал ракети кон Израел од позиции на Либан

/ 15.10.2023

Милитантната група Хамас ја презеде одговорноста за ракетирањето на северот на Израел од позиции во Либан, објави Тајмс оф Израел.

Израелските безбедносни сили одговорија на тоа и објавија дека од хеликоптери гаѓаат воени цели во Либан, девет ракети летале во израелскиот воздушен простор, пет биле соборени, а четири паднале во ненаселени области

во соопштението на Хамас, се наведува дека либанскиот огранок на милитантната група ја нападнал нахарија со околу 20 ракети „како одговор на окупациските злосторства врз палестинскиот народ во Газа“.

Во нападот, додава израелскиот весник, нема повредени ниту е причинета материјална штета.


Од истата категорија