Хамас соопшти дека Израел утрово извршил воздушни напади врз или во близина на најмалку три болници. Нападите наводно ја вклучуваат најголемата болница во Газа, „Ал Шифа“, а Израел тврди дека Хамас таму криел командни центри и тунели. Хамас ги негира овие обвинувања.

Портпаролката на Светската здравствена организација (СЗО) исто така изјави дека болницата „Ал Шифа“ била бомбардирана. „Немам детали за ‘Ал Шифа’, но знаеме дека е бомбардирана“, рече Маргарет Харис.

Според медиумите, во нападите на болницата загинало најмалку едно лице. „Ројтерс“ цитира палестински официјални лица дека едно лице е убиено.

Владата на Хамас во Газа тврди дека 13 биле убиени.