Блинкен претходно неколку пати го повика Хамас да ја прифати понудата на Израел да ја прекине војната и да ги ослободи заложниците.
Високиот функционер на милитантната група Хамас, Сами Абу Зухри, денеска изјави дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен врши притисок врз Хамас да ги прифати барањата на Израел во преговорите за прекин на огнот и ослободување на заложниците.
– Коментарите на Блинкен се спротивни на реалноста. Тоа не е чудно за Блинкен, кој е познат како министер за надворешни работи на Израел, а не на Америка, да дава такви изјави, ја пренесуваат светските медиуми изјавата на Абу Зухри која тој ја дал за Ројтерс.
Тој додаде дека „дури и израелскиот преговарачки тим признал дека Нетанјаху е тој што го попречува постигнувањето договор“.
Блинкен претходно неколку пати го повика Хамас да ја прифати понудата на Израел да ја прекине војната и да ги ослободи заложниците, опишувајќи ја како „исклучително дарежлива“, додека Абу Зухри рече дека групата сè уште ја проучува понудата