Баерн Минхен и официјално ја објави својата одлука да не го откупи Хамес Родригез, откако беше отстапен од Реал Мадрид во последниве 2 години. Германскиот лидер можеше да го задржи за 42 милиони, но по желба на самиот играч, тоа нема дасеслучи.
“Јас сум исклучително благодарен за клубот и навивачите кои секогаш ме поддржуваа. Ова беа две незаборавни години во Минхен, каде што секогаш се чувствував среќен. Ќе ги задржам одличните сеќавања за мојот престој тука и посакувам се најдобро на Баерн, вели халфот во своето обраќање.
За овие две сезони, Колумбиецот зеде учество во 67 натпревари со баварскиот тим, во кој постигна 15 гола и асистираше за 20 други. Така помогна да освои две титули и еден Куп на земјата.
– Во име на сите во клубот сакам да му се заблагодарам на Хамес за овие две успешни години. Родригез беше важен дел од нашиот успех во овој период. Му посакуваме се најдобро, сподели пак директорот Карл Хајнц Румениге.