Пилот Мерцедес, Луис Хамилтон по освоеното петто место на трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Австрија се пожали на проблеми со прегревање на гумите.
Британецот и покрај тоа што не се искачи на подиумот е задоволен од своето издание.
– Не мислам дека трката заврши за нас навистина лошо. Го освоив петтото место и го подобрив бодовното салдо. Имавме сериозни проблеми со прегревање на гумите. Колку што знам, Ферари и Ред бул го немаа тој проблем. Токму гумите се причината што ја немавме посакуваната брзина, изјави Хамилтон.
Победник во Австрија беше Макс Верстапен од Ред бул, додека Хамилтон останува лидер во Генералниот поредок.