Шампионот на Формула 1, Луис Хамилтон објави дека планира да продолжи со тркање барем уште 3 години и ова е дефинитивно лоша вест за неговите конкуренти.
Британецот има за цел седма светска титула и иако неговиот сегашен договор со Мерцедес истекува на крајот на сезоната, се очекува тој да остане во тимот, нешто што беше потврдено и од Тото Волф.
– Веќе долго време сме заедно и за овие години сè се случува природно. Ќе поминеме време заедно, ќе разговараме и се надевам дека наскоро ќе постигнеме договор, рече лидерот на тимот во пресрет на британското Гран При.
Британецот пак вели дека не чуствува пад во формата и ќе биде дел од најпрестижните автомобилски трки уште одреден период.
– Јасно е дека би сакал да се претставам на сегашно ниво, но очигледно тоа не може да се случи. Сепак, не мислам дека ќе има пад во следните 2-3 години, затоа дефинитивно очекувам да бидам тука некое време. Сакам да го заслужам моето место, не само да возам затоа што сум светски шампион. Целта ми е да продолжам да победувам, па верувам дека ќе бидам во Формула 1 барем уште 3 сезони, вели Хамилтон.