Актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, изјави пилотите не се изморени по трките и дека тоа треба да се промени.
Британецот сака поголеми предизвици од аспект на физичка сила.
– Тенисерите се целосно исцрпени по крајот на мечот, особено ако се игра три-четири часа. Велосипедистите на „Тур де Франс“ речиси умираат по трката. Кај нас не е така. Да ја кажеме вистината, ние не сме навистина уморни. Сметам дека е потребно нешто да се промени. Верувам дека до 2021 година, треба да се ослободите од некои асистенти во пилотирањето – на пример, серво управувањето да биде помалку моќно. Тогаш би биле физички поисцрпени. Мислам дека ова треба да биде спорт. Сега како што стојат работите, ние не мора да бидеме физички силни овде. Затоа гледаме 18-годишни почетници, немаат никакви проблеми. Тоа не е во ред, нагласи Хамилтон.
Тој своето деби во Формула 1 го имаше на 22 години. Има пет титули светски шампион.