Седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон ќе остане во Мерцедес барем до крајот на сезоната 2023 година.
Хамилтон потпиша двегодишен договор со германскиот тим.
Луис е во Мерцедес од 2013 година и за тоа време освои шест титули.
Сè уште не е познато кој ќе стане тимски партнер на Британецот во следната сезона. Договорот на сегашниот втор пилот на Мерцедес, Валтери Ботас истекува на крајот на сезоната 2021 година.