Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан, на Атлантскиот совет во Вашингтон, изјави дека европската интеграција на Западен Балкан е „заедничка цел од двете страни на Атлантикот“.

-Наша заедничка цел од двете страни на Атлантикот е стабилизација на регионот и влез на сите шест западно-балкански земји во ЕУ. Тоа е наш личен геополитички интерес, истакна Хан во текот на вториот ден од посетата на Вашингтон, каде на Атлантскиот совет зборуваше за стратегијата за Западен Балкан.

Еврокомесарот предупреди дека се доведува во ризик кредибилитетот на ЕУ:

-Мораме да бидеме многу цврсти, но чесни, и да одадеме признание кога и каде е потребно. Да не се придржувате кон обврските, значи дека ја губите силата, порача Хан.

Еврокомесарот се состана со меѓународните партнери во главниот град на САД за да им укаже на широкиот спектар на прашања, меѓу кои и Западен Балкан.