Хана Корнети, влезе во вториот круг финалисти на престижниот регионален книжевен избор „Штефица Цвек“ со нејзината книга „Илина и шумските тролови“. Овој избор ги нагласува бунтовните писателски и читателски практики, вклучувајќи феминистички, квир, деколонијални, марксистички и еколошки перспективи. Со својата приказна која отвора важни прашања за човечката креативност и природата, Хана привлече внимание и признание од читателите и жирито. Во интервјуто за Трн, Хана ги споделува своите мисли за тоа како ги развивала карактерите, што значи за неа оваа номинација и како се чувствува по повод влезот во потесната селекција на овој престижен избор.