Британските пратеници, кои планираат да не го поддржат Договорот за Брегзит, што пред два месеци го постигнаа Владата во Лондон и Брисел, ризикуваат да предизвикаат блокада на Велика Британија и можност земјата да не ја напушти Европската Унија на предвидениот датум 29 март, предупреди денеска шефот на британската дипломатија Џереми Хант.
Доколку британскиот Парламент на предвиденото гласање во вторник го одбие постигнатиот Договор за излез на Велика Британија од ЕУ, можно е да дојде до „Брегзит без договор“, што предизвикува голема неизвесност и ставување од можен хаос во земјата.
– Ако Договорот биде отфрлен, најверојатно ќе западнеме во парализа и нема да можеме да го реализираме она за што гласаше народот (на референдумот за Брегзит во 2016 гоидина), изјави Хант за телевиизјата Скај Њуз.
Британските пратеници кои се цврсти во својот став земјата да ја напушти ЕУ, не се согласуваат со дел од одредбите од постигнатиот Договор за Брегзит и сакаат целосен прекин на врските меѓу Велика Британија и Унијата.
Хант оцени дека расположението на мнозинството пратеници во Парламентот во Вестминстер е земјата да не ја напушти Унијата без договор, со што би бил блокиран целиот процес на Брегзит.
– Мислам дека сега има многу помала веројатност дека Парламентот ќе дозволи Брегзит без договор, потенцира Хант.