Демонстрантите ширум Франција денеска ги блокираа железничките пруги и автопатиштата и се судрија со полицијата во неколку градови во знак на протест против претседателот Емануел Макрон и неговите пензиски реформи.
Околу 13.000 полицајци беа распоредени на улиците низ Франција на десеттиот ден од протестите поради пензиската реформа на Макрон. Париската полиција соопшти дека досега во главниот град на Франција се уапсени 22 лица. Синдикатите го повикуваат Макрон и бараат од него да го повлече зголемувањето на законската старосна граница за пензионирање од 62 на 64 години.
Протестите се интензивираа во последните денови, кои минатиот четврток се претворија во жестоки судири меѓу полицијата и демонстрантите.
Големи протести со палење на преполните контејнери со смет и кршење по улиците се одржуваат и во Нант и во десетина други градови.
Демонстрантите ги блокираа автопатите и го прекинаа јавниот превоз, поради што беше одложена државната посета на кралот Чарлс Трети на Франција минатиот викенд.