Denesen.mk
18.12.2025.
  • Македонија
  • Економија
  • Свет
  • Историја
  • Религија
  • Здравје
  • Спорт
  • Магазин
  • Колумни
  • Македонија
  • Економија
  • Свет
  • Историја
  • Религија
  • Здравје
  • Спорт
  • Магазин
  • Колумни

ПРАВОСИЛНА ПРЕСУДА ОД АПЕЛАЦИСКИ СУД: СДСМ објавувала лаги и тешки клевети за премиерот Мицкоски, без докази и без основа

ДАРДИШТА ПО ПАТОТ НА АРТАН ГРУБИ: Кадарот на ДУИ се обидел да побегне, но бил лоциран и уапсен на граничниот премин Долно Блаце

ТОШКОВСКИ: Безбеден град заслужуваат и Берово, Делчево, Струга, Охрид… до лето ќе го спроведеме системот низ цела Македонија

КОЦЕВСКИ НЕ ДОБИ В.Д. НАСЛЕДНИК: Имам дилема, колешката Колева е отсутна, а за жал немаме техника да ја вклучиме, рече Незири

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАТИ НА ШИЛЕГОВ: Ќе ја одбраниме Македонија и ќе ја вратиме власта во рацете на народот, никој нема да нè запре

Свет

ХАРАДИНАЈ: Бондстил останува, нема да се затвори заради Србија

/ 02.03.2019
Share
ХАРАДИНАЈ: Бондстил останува, нема да се затвори заради Србија

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ги отфрли како неосновани информациите во медиумите дека Соединетети Американски Држави ќе ги повлечат своите војници од Косово доколку неговата влада не ја повлече одлуката за 100 отсто такса на увозот од Србија и Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во интервју за косовската јавна телевизија, РТК, Харадинај рече дека евентуалната одлука да ја напушти базата „Бондстил“ во Косово, Вашингтон нема да ја донесе „надвор од своите глобални безбедносни интереси“.

– Ако е до таксата, Америка никогаш нема да ја повлече војската – за тоа воопшто да не се грижите. Ако планира да ја повлече, ќе го стори тоа – со таксата или без неа. „Бондстил“ ќе се затвори единствено ако е тоа дел од глобалните планови на Америка. Заради таксата тоа нема да го стори. А за нешто друго – кој знае. Таквите одлуки се донесуваат поинаку, бидејќи се работи за глобалната безбедност, изјави Харадинај.

Косовскиот премиер вели дека му е жал поради тоа што околу прашањето за санкциите кон Србија има поделени мислења кај албанскиот политички спектар во Косово и што „некои од косовските политичари поинаку им ја претставуваат на САД ситуацијата во врска со дијалогот со Србија“.

– Кога е во прашање Америка, се плашам единствено кога некој од кај нас оди таму и лаже. Тоа е единствената опасност. Опасноста не доаѓа од Америка, ниту од Европа –  доаѓа од кај нас. Ситуацијата е ваква каква што е. Не може да има координација со некого кој излегува надвор од Уставот, изјави Харадинај.

Ваквиот став косовскиот премиер го изнесе во однос на прашањето за разликите меѓу него и претседателот на државата, Хашим Тачи, во врска со таксата од 100 отсто на увозот од Србија и БиХ и барањето на Вашингтон за укинување на истата.

Тачи бара укинување на таксата, со цел да се деблокира дијалогот со Србија, додека Харадинај е решителен дека таа ќе остане се додека Србија не ја признае независнота на Република Косово.

 – Жал ми е што се поделивме вака. Кога би биле заедно за таксата, ќе го подигневме Косово на повисоко ниво во однос на Србија, Европа и Америка, изјави Харадинај во синоќешното интервју за РТК.

Тој ги повика сите релевантни субјекти на Косово да се обединат околу барањата за неменливост на гранците на државата, „онака како што беа обединети околу  формирањето на Војската на Косово“.

На истиот начин како за војската, нагласи косовскиот премиер, политичките субјекти во земјата беа обединети и во врска со статутот за рударскиот комбинат Трепча.

– Решението е да се обединиме околу таксата, исто како за Трепча. Америка не е против нас. Ние ја доведове во заблуда. За војската бевме обединети и – проблемот се реши. Ве повикувам сите да ни се приклучите, порача Харадинај.

Одлуката за таксата на увозот на српски производи, рече косовскиот премиер, не е ниту неуставна ниту спротивна на меѓународните спогодби за трговија.

– Јас не донесов неуставна одлука за таксата. Одлуката е законска, демократска и исправна. И ЦЕФТА ја предвидува. Претседателот (на САД, Доналд) Трамп исто така презема вакви дејствија, со санкции кон Кина, Иран, Русија, изјави Харадинај.

Share this...
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin

Од истата категорија

ТУЖБА ПРОТИВ ПРВАТА ДАМА НА ФРАНЦИЈА: Брижит Макрон ја тужат 343 жени оти зад сцена во театар во Париз ги нарекла глупави кучки

РУСКИ ГРАНИЧАРИ ПРОШЕТАЛЕ ВО ЕУ: Дошле со ховеркрафт во Естонија, се движеле пеш долж реката Нарва, а потоа се вратиле назад во Русија

ТУСК: Ова е одлука што треба да ја донесеме, имаме едноставен избор или пари денес или крв утре, не зборувам само за Украина, туку за Европа

ОРБАН: Целата идеја е глупава, две земји се во војна, Русија и Украина, а не ЕУ која сака да ги одземе парите од една од завојуваните страни

НАТО: Руте во Полска ќе ги посети копнените сили во Бемово Пиские, а Шеќеринска во Ерменија со амбасадорите на членките на НАТО

ФОН ДЕР ЛАЈЕН: Денеска мора да најдеме решение, нема да го завршиме Европскиот совет без решение за финансирањето на Украина

Најнови вести

ОЈО Битола поведе постапка против лице затекнато во кражба на куќа


ПРАВОСИЛНА ПРЕСУДА ОД АПЕЛАЦИСКИ СУД: СДСМ објавувала лаги и тешки клевети за премиерот Мицкоски, без докази и без основа


Филков во 2026 ќе ги пополнува празните места во ЈО и судството


ДАРДИШТА ПО ПАТОТ НА АРТАН ГРУБИ: Кадарот на ДУИ се обидел да побегне, но бил лоциран и уапсен на граничниот премин Долно Блаце


Denesen.mk
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Copyright © 2018 ЕМ Медиа ДООЕЛ