Анти-корупциската партија „Продолжуваат промените“ на харвардското ученици Кирил Петков и Асен Василев иако формирана пред само неколку месеци ги надмина очекувањата кај нашиот источен сосед и на вчерашните избори освои убедлива победа. Кандидатот за иден премиер Петков по изборите најави и нов пристап и подобри односи со Македонија. Според него, двете држави треба да ги заштитат своите национални интереси, и додаде дека Софија и Скопје заедно можат да се постигнат многу само преку добри односи.
Според најавите, „Продолжуваат промените“ би коалицирале со „Демократска Бугарија“, партијата на социјалистите и „Има таков народ“ на Слави Трифонов која загуби многу гласови на изборите.
Во Бугарија покрај парламентарните се одржаа и редовните претседателски избори, на кои актуелниот шеф на државата Румен Радев имаше убедлива предност пред своите противкандидати, тој во вториот круг тој ќе се бори со кандидатот поддржан од ГЕРБ Атанас Герџиков. Инаку, според бугарската изборна комисија, Радев добил најмногу гласови и во земјава. Интересно е тоа што во Македонија и покрај изјавите на дел од бугарските политичари дека има илјадници бугарски државјани, гласале само околу 650 лица, а најмногу гласови освои ГЕРБ на Борисов, следена од ВМРО на Каракачанов.