Албанците направија повеќе одошто е доволно за вас, но проблемот е што направивте вие! Албанците ви веруваа 20 години, но вие ја изневеривте нивната доверба, им порача Башким Хасани на ДУИ и артанистите.

– Албанците не ве отстранија, зашто погрешно ве разбраа, туку ве препознаа кои сте! Видоа кои сте и какви сте, дека сте слуги на лични и клановски интереси, а не на Албанците, им порача Хасани на ДУИ, Али Ахмети и неговите функционери.

Хасани е функционер во партијата Демократско движење на Изет Меџити, од коалицијата Вреди, и директор на Јавното претпријатие Пасишта. Неговата објава ја пренесоа весникот „Лајм“ и други медиуми на албански јазик во Македонија.

Хасани во обраќањето кон ДУИ и поодделно до Артан Груби и неговите приврзаници-артанисти, додава:

– Потсетување за сите: Комплекс Соравија, среде Скопје, сопственост на кланот, кој ја контролира артанистичката политика. Лотарија, проект дизајниран да ги збогати членовите на овој клан. Спасители на Мијалков. За да ги спасат своите артанисти, прифаќаат дури и братоубиство, бидејќи за нив клеветата и лагата се ситна работа!- вели Хасани.