Поранешниот генерален секретар на НАТО, Хавиер Солана е заразен со новиот коронавирус.
Неговата состојба е стабилна и тој ќе остане на лекување в болница под лекарски надзор, објави весникот АБЦ.
Според медиумот, 78-годишниот Солана бил хоспитализиран уште во средата.
Солана беше министер за надворешни работи на Шпанија во кабинетот на социјалистот Фелипе Гонзалес од 1992 до 1995 година, а од 1995 до 1999 година застанува на чело на Алијансата. Во периодот од 1999 до 2009 година Солана ја вршеше функцијата висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност.