На жителите на Лондон можеби ќе им се каже да работат од дома оваа недела, предупреди британскиот министер за здравство Мет Хенкок нагласувајќи дека се зголемуваат случаите на заразени со новиот коронавирус.
Ханкок за Радио Тајмс изјави дека „не може да исклучи“ жителите на главниот град да мора да останат дома и најави дека во текот на денов ќе се одржат состаноци за можни натамошни ограничувања во Лондон.
Коментарите доаѓаат откако градоначалникот на Лондон Садик Кан ги повика министрите да ги продолжат регионалните мерки, вклучително и работа од дома, како и затворање на баровите и рестораните во 22 часот, за да се заштити главниот град.
Извори од кабинетот на градоначалникот велат дека случаите во Лондон сега се само „два или три дена“ зад жариштата на северозапад и североисток, кои се ставени под нови рестриктивни мерки.
Воведувањето ограничувања во Лондон би било сосема спротивно со ставот на Владата, која до неодамна ги повикуваше луѓето да се вратат во своите канцеларии по олеснувањето на блокадата, потсетува Индепендент.