Генералниот секретар во Владата Мухамед, Зекири на Фејсбук објави за играта на неговиот сопартиец, премиерот во оставка Зоран Заев, Game change (Играта се менува) откако на собраниската седница на која треба да се гласа недоверба на Владата е соопштено дека има 60 пратеници.
– Денес фалеше еден пратеник за да има кворум, алудира Зекири на пораката што ја прати лидерот на СДСМ Заев на митингот во Скопје, кога најавуваше промени во партијата.
Својата објава Зекири ја илустрира со фотографија на која се гледа Заев како вози мотор без раце.
Инаку во детството така сме се мангупирале кога возевме „точак“ со две раце, па со една рака, па без две раце и на крајот… без заби. Сега со ваква фотографија на младите и на постарите возачи им се праќа порака дека ако си премиер можеш (неказнето) се: и мотор без раце да возиш по пат.