Бранителот на шампионскиот трофеј во Бундеслигата, Баерн Минхен го совлада Шалке со 3:0 во натпревар од 2. Коло одигран вечерва во Гелзенкирхен.
Најдобар играч на натпреварот беше Роберт Левандовски кој ги постигна сите три гола.
Баерн има 4 бода од два натпревара и во моментов е на 4.место.
Шалке остана на 1 бод и е во вториот дел на табелата.