Хибридна офанзива во полн ек! Објави насочени против мене и мојата фамилија – објава на 24 часа бг. За минута превземена на страници кај нас-лаги, вести, дискредитации, стартуваат по нарачка, од ботови, скришни или бугарски страници, а потоа молневито се шират, реагира пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.
-Координирана и скапа акција! СДСМ сега да си го објасни соопштението полно со навреди, повикувајќи се на „жолти комбиња“ и параноја – додека реално, Македонија и македонските политичари кои ги штитат националните интереси се цел на синхронизиран напад. Ова не е параноја, туку организирана операција против секој што се бори за македонските интереси- СДС да одбере страна! Рацете подалеку од фамилијата! Рацете подалеку од Македонија, порачува Лефков.